Спасовски: Никогаш да не се заборави геноцидот над еврејскиот народ

Сподели

 

 

 

Премиерот Спасовски истакна дека Холокаустот е најголемото злосторство во современата историја на човештвото кога во логорите на смртта, за време на Втората светска војна, беа погубени над 6 милиони Евреи, и потсети на 7.144 Евреи од Скопје, Битола и Штип кои во март и април 1943 година беа депортирани и убиени во логорот на смртта Треблинка, што претставува трагедија длабоко вкоренета во колективната меморија на нашиот народ.