СПАСОВСКИ: Нема да има Сваровски судство, ќе нема судии од нечиј тефтер, нема да можат да диктираат пресуди. Ама затоа ќе има правда!

Сподели

-“Ги плаши тоа што нема да има Сваровски судство, ги плаши тоа што во судството ќе нема судии од нечиј тефтер. Ги плаши тоа што нема да можат да диктираат пресуди. Ама затоа ќе има правда! Правда пред која сите ќе бидат еднакви, правда која ќе суди по закон а по нарачки! Затоа најавувам генерален реизбор на сите судии во Македонија! Секој судија ќе биде оценуван за неговата работа во изминативе години! Уште на почетокот на мандатот ќе го продолжиме мандатот на Специјалното јавно обвинителство, затоа што освен политичка, мора да има и правна разрешница за се она што и се случуваше на Македонија, рече синоќа во Куманово, Оливер Спасовски, носител на кандидатска листа во И.Е.2.

-” Доаѓа време на одговорност и правда. Ќе има правда за сите и за тоа нема пазарење со никого и за ништо. Секој оној кој прекршил каков било закон, ќе одговараат. Секој што украл ќе врати се до денар! По 11 декември доаѓа време на одгворност и решителност. Доаѓа време на правда. Македонија мора да стане правна и стабилна држава. Затоа на 11 декември кога ќе бидеме сами зад параванот да одлучиме дали сакаме нови четири години владеење на Тодоров и Груевски или еднаш засекогаш ќе ги вратиме демократијата и правдата.”

-“Но за да ја вратиме правдата, прво ќе мора да го вратиме животот. За да го вратиме животот, треба да го избереме Планот за живот во Македонија! Ајде во недела масовно да дадеме поддршка на Планот за живот во Македонија, да заокрижиме четири и да ги вратиме правдата и животот во Македонија. Ајде сите заедно и Македонци и Албанци и Турци и Срби и Роми и Власи и сите други, да покажеме дека сме одлучни да го победиме режимот и да имаме правда, да имаме живот тука, во Македонија” – рече Спасовски.