Спасовски за Neue OZ: Бегалски кампови во државата нема да има додека не станеме членка на ЕУ

Сподели

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за германскиот дневен весник Neue OZ одговарајќи на прашањето зошто е потребна поддршка од европската агенција ФРОНТЕКС во делот на управувањето со границите, истакна: 
 
„Северна Македонија се наоѓа на многу посебна географска положба. Мигрантите патуваат од Грција, ЕУ држава, низ земја која не е членка на ЕУ, а потоа повторно влегуваат во ЕУ. Ова е предизвик за Северна Македонија и за Европската Унија. Затоа, логично е да соработуваме со ЕУ на граница. Патем, ова не е ништо ново за нас. Седум години соработуваме со земјите од ЕУ за управување со границите. Распоредувањето на Фронтекс е логичен развој на оваа соработка”, рече Спасовски. 
 
Спасовски беше дециден по однос на прашањето за можен бегалски камп на ЕУ на македонска територија: 
 
„Нашиот став е многу јасен: Во Северна Македонија не се спроведуваат процедури за азил за другите земји на ЕУ и тоа нема да се промени. Ако Северна Македонија стане дел од Европската Унија, ова може да се промени. Но, сѐ додека тоа не е така, таквите центри ќе останат исклучени”, истакна Спасовски.