Спречени обиди за криумчарење парфеми, тутун, облека од модни брендови

Сподели

На Меѓународен Аеродром Скопје спречено е криумчарење на 76 парфеми. Патникот се определил на зелен канал, а при контролата во двата куфери кои ги носел со себе се пронајдени парфеми со потекло од Дубаи.

Во друг случај на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на патник кој требало да патува со лет на релација Скопје – Лондон – Лутон биле пронајдени 260 пакувања од по 50 грама тутун.

На ГП Табановце од страна на Службата за мобилен скенер спречено е криумчарење на соларен инвертер.

Царински службеници на граничниот премин Табановце во куферите на еден од патниците кои патувале со автобус пронајдоа 129 парчиња суплементи Zeo Medic, додаток во исхрана.

Спречен обид за шверц на 3.150 ќесички маџун со додатоци, откако патник се обидел истите преку граничен премин Богородица нелагално да ги внесе во државата. Поради сомневање возилото е селектирано за детален преглед при што во багажниот простор во три патнички куфери помеѓу личните предмети, е пронајдена непријавената стока.

Мобилен царински тим на Царинска испостава Табановце при контрола на камион, заплени 463 парчиња облека со потписот на Ралф Лаурен, Диор, Бос и други модни брендови поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост.

Патник преку граничен премин Ново село се обидел да шверцува разна стока, меѓу која ножеви, клучеви, рибарски прибор, слушалки, машинка за стругање. Во намерата е спречен од царинските службеници кои при контрола на возилото, во багажникот и помеѓу седиштата ја открија непријавената стока.

извор Царинска управа