Мицкоски-Орбан: Во ЕУ со зачувување на идентитетските обележја

Сподели

 

Заедно со потпретседателот Александар Николоски, денеска во посета на Будимпешта остваривме средба со премиерот на Унгарија и претседател на партијата ФИДЕС, Виктор Орбан, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот официјален ФБ профил.
 
“На средбата се разговараше за ЕУ интеграциите на Македонија. Го истакнав ставот на ВМРО-ДПМНЕ и на македонскиот народ, дека интеграцијата е неопходна, но таа да биде достоинствена и со зачувување на идентитетските обележја на народот.
 
 
 
 
Забележано беше дека Македонија и ЕУ ги очекува најтешката зима во историјата, со големи потешкотии на енергетски план, во снабдувањето со енергенси. Нотиравме дека владата во Македонија не ги прави потребните чекори во справување со енергетската криза, не се обезбедуваат навремено јаглен, мазут, гас и нафтени деривати, туку кога ќе дојде пикот на кризата се даваат големи суми на пари неколкукратно над тоа што можело да се потроши ако на време се обезбеделе истите тие ресурси.
 
Исто така нотирани беа и предизвиците од мигрантската криза која е проблем како за Македонија, така и за ЕУ”, изјави Мицкоски