Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денес оствари прва средба со неговиот бугарски колега, претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Никола Минчев, што е прва средба по неговото официјално стапување на оваа функција.
Претседателот Џафери најпрво ја искористи приликата за лично да му го честита неговиот избор за претседател на Народното собрание на Република Бугарија и да му посака успех во текот на неговиот мандат. Од негова страна беше потенцирана иницијативата за отворена соработка на теми од взаемен интерес, како придонес кон унапредувањето на севкупната билатерална соработка за двете држави.
Поздравувајќи го одржувањето на оваа средба, претседателот Минчев беше согласен дека парламентите треба да ја продолжат соработката на сите нивоа, вклучително и на претседатели на парламенти и во тој контекст го најави скорешното формирање на Група за пријателство во Народното собрание на Република Бугарија.
Средбата заврши со покана за взаемно официјална посета на двајцата претседатели на собранија.