Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери,денеска оствари средба амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок. На средбата беше изразено заемно задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка меѓу двете земји, во духот на традиционалното пријателство и партнерство.
Претседателот Џафери се осврна на плодната соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Големото национално собрание на Турција, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво,во рамките на меѓународните парламентарни собранија.Тој го подвлече значењето на Процесот на соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), со кој во моментов претседава Република Турција, како и улогата на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ, во кое активно учествуваат парламентите на двете земји.