Претседателот Стево Пендаровски на маргините на Минхенската безбедносна конференција оствари кратка средба со претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков.
Соговорниците дискутираа за динамиката на работните групи, продуктивноста на тој план и можностите за пробив на европската агенда, кој би значел заеднички успех. Претседателот Пендаровски порача дека пробивот на европскиот пат е неопходен за двете страни.