Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.
На средбата се потврдија одличните билатерални односи меѓу двете држави и беше изразено задоволство од интензивниот политички дијалог, конструктивните разговори, како и размената на посети на високо и највисоко ниво, за што говорат и учествата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и министерот Грлиќ Радман на меѓународната конференција „Преспа форум за дијалог“ што ќе се одржи во Охрид.
Претседателот Пендаровски изрази благодарност за континуираната хрватска поддршка за евроинтегративниот процес и изрази подготвеност и очекувањe за што поскоро одржување на првата Меѓувладина конференција и започнување на пристапните преговори со ЕУ. Во тој контекст, соговорниците разменија мислења и информации за последниот развој на настаните во соседна Бугарија, како и за напорите на француското претседателство со Унијата за деблокада и пробив на процесот.
Претседателот Пендаровски и министерот Грлиќ Радман разговараа и за актуелните состојби во поширокиот регион, вклучително и за руската инвазија врз Украина, како и за безбедноста и стабилноста на Европа.