Русија со особено внимание следи што се случува во Македонија, му пренел претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, на денешната средба во Москва, јавува новинската агенција Миа.
„Посакуваме внатреполитичката ситуација во Македонија да се развива согласно Уставот и демократските принципи. Уверен сум дека вашето искуство, вашето влијание и авторитет ќе придонесе за тоа“, изјавил Путин .
Тој изразил задоволство од унапредувањето на македонско – руските односи и рекол дека има позитивно движење во економската размена.
Иванов вчера од Патријархот на Руската православна црква Кирил доби награда