Средбата Трамп – Меркел во центар на светските медиуми

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно е на мета на медиумите, откако за време на фотографирањето пред официјалната средба со Меркел, не се поздрави со германската канцеларка.

Двајцата лидери имаа прва официјална средба во Белата куќа, а по церемонијата на пречекот, Трамп и Меркел имаа краток разговор пред новинарите.

За време на фотографирањето во Овалната соба, каде што американските претседатели ги дочекуваат своите високи гости Трамп изгледаше доста нервозен и цело време неговите раце ги држеше пред себе.

На снимките кои што се шират по социјалните мрежи може да се забележи дека Меркел во еден момент дури и му се обраќа на Трамп, меѓутоа тој не ѝ одговара и само ја врти главата во друг правец.

Доналд Трамп претходно беше критикуван за начинот на поздравување со неговите соговорници, дека тој се обидува да делува надмоќно и да ги засрамува неговите соговорници.

 

https://youtu.be/RlCmkOLIjd4