На настаните по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, вчера во Кијив оствари средба со Валериј Зуб, претседател на Групата на Врховната рада на Украина за меѓупарламентарна соработка со РС Македонија.
Митрески и Зуб изразија задоволство што во изминатите години во голема мера беше унапредена соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Врховната Рада на Украина, како на билатерален, така и на мултилатерален план, во рамките на меѓународните парламентарни собранија.
Стана збор и за можностите за унапредување на успешната меѓупарламентарна соработка, а особено соработката меѓу двете парламентарни групи за соработка, кои и досега беа многу активни, со бројни остварени средби и меѓусебни посети.
На специјалната седница на Врховната рада на Украина, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Јован Митревски оствари поздравна средба со премиерот на Белгија Александер де Кроу.
Во рамките на посетата на Украина, претседателот Митрески оствари посета на Киевско-печерската Лавра и положи цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски.