Стапи на сила одлуката за намалување на цените на млечните производи и тестенините

Сподели

 

Согласно со одлуките на Владата, од денеска ќе бидат замрзнати цените на тестенитете (макароните и шпагетите), кои во маркетите ќе бидат пониски за 15% и на млечните производи (кравјо млеко 2,8 проценти, 3,2 проценти, 3,5 проценти, јогурт, кисело млеко, павлака, кравјо и мешано бело сирење и кравји кашкавал) кои пак бидат пониски за 10%. 

Државниот пазарен инспекторат најави дека од рано утринава ќе излезе на терен да провери дали се почитува владината одлука и потсети дека казните за непочитување се високи и се движат од 800 до 10.000 евра.

Замрзнувањето на цените е направено врз основа на внимателни и детални анализи и пресметки, со кои се заштитуваат граѓаните, а не се оштетуваат компаниите.