Стевановиќ: Видовме многу болка и големи семејни трагедии во битката со КОВИД-19

Сподели

 

„Најстариот пациент е наша миленичка на 94 годишна возраст за која го очекуваме контролниот брис за КОВИД 19 и да ја отпуштиме, на наша радост и радост на нејзиното семејство. Секако дека ме плаши заразата, би било навистина не одговорно да не се плашам. Тој страв ме тера да бидам многу претпазлива и во секој момент да носам соодветна лична заштита, зависно што во моментот работам. Се обидуваме ниту еден пациент да не остане без потребна здравствена грижа и третман, во ова ни помагаат сите здравствени капацитети. За време на оваа пандемија видовме многу болка и големи семејни трагедии, кога скоро цели семејства беа хоспитализирани и многумина од нив ја изгубија битката со КОВИД, мислам дека нема потешко од тоа. Но, секако и повеќе члена од семејството да заминат здрави од нашата болница. Радоста за секој направен испис е голема“, вели д-р Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.