Стоев: ЕУ е гаранција дека С Македонија ќе ги почитува договорите

Сподели

 

Основниот приоритет на екипата што го раководи Министерството за надворешни работи на Бугарија, е враќање на довербата и активирање на дијалогот со Северна Македонија, порача техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, пренесува бугарски „Дневник“.

„Се обидуваме да кажеме јасно, не само на македонската страна туку и на нашите партнери, дека нашата политика е конзистентна. Предлагаме продлабочување и рестартирање на дијалогот. Втората точка на која се работи е враќањето на темата во рамките на нормалните европски формати, каде што за овие прашање треба да дискутираат земјите членки на ЕУ и на Бугарија да ѝ се дадат гаранции дека билатералните договори ќе се спроведува во иднина. Овој мониторинг од страна на ЕУ е гаранција дека договорите кои се потпишани и кои треба да се потпишат ќе бидат имплементирани. Ова е стратегијата. Очекуваме конструктивен дијалог од страна на Република Северна Македонија“, изјави министерот Стоев, пренесува БГНЕС.

Тој при претставувањето на својот тим, рече дека целта е темата да се врати во „нормалните европски формати“.

Сепак, техничкиот министер нагласи дека во однос на прашањето за Северна Македонија „не може да се посочат разлики во позициите на структурите на државата, нашата политика е доследна“.