Столтенберг: Штом договорот за името се имплементира, ние сме подготвени да го потпишеме пристапниот протокол

Сподели

 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, оцени дека азилот на Никола Груевски не е прашање за НАТО, туку нешто што треба да го решат Скопје и Будимпешта.

– Не сум јас тој што треба да го коментирам ова. Тоа е прашање што треба да се дискутира меѓу Скопје и Будимпешта, изјави Столтенберг на прес конференција пред министерскиот состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО, со земјите контрибутори во мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан, на кој учествува и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Тој додаде дека штом се потпише пристапниот протокол македонската влада ќе почне да присуствува на министерските состаноци на Алијансата.

-Навистина се надевам дека Скопје и народот во земјата ќе ја искористат оваа историска прилика што се случува еднаш во животот, изјави Столтенберг.