Страшно невреме ја погоди Турција – 6 жртви и 44 повредени

Сподели

 

Силното невреме што вчера ја зафати Турција, однесе 6 жртви, а има и 44 повредени.

Од силниот ветер и бурата летале покривите од куќите и зградите, се корнеле дрвја од силниот ветер, кој оштетил стотици автомобили во регионот на Мармара. 

 

 

ТРТ објавуви дека само во Истанбул ветерот откорнал 33 покриви, 192 дрвја, соборил 52 семафори и сообраќајни знаци и оштетил 12 автомобили. Невремето во Истанбул го парализира јавниот транспорт. Се откажаа брзите фериботи и поморски автобуси, а затворени за работа се и линиите на жичниците.

Наставата со физичко присуство вчера беше прекината во градовите Истанбул, Бурса, Коџаели, Чанаккале, Сакарија, Текирдаг, Баликесир, Јалова, Синоп, Дузче и Бартин.