Судењето за „Дива населба“ продолжи со сведочење на обвинетите

Сподели

 

Обвинетите во случајот Кумановска Дива населба денеска стартуваа со нивните сведочења за престрелките што се случија на 9 и 10 мај 2015 година. Првиот што ја раскажа својата верзија пред судот беше обвинетиот Сами Укшини, познат како командант Соколи. Тој рече дека убиените полицајци биле жртви на нивните колеги. Укшини ги обвини Мирсад Ндрецај и Бег Ризај дека биле организатори на настанот, тврдејќи дека неговото вклучување во групата било со цел да ги убеди двајцата да се повлечат од замислата. Укшини изјави дека не се чувствува виновен за кривичното дело и оти не го прифаќа обвинението за тероризам. На крајот на сведочењето, тој ја обвини владата дека го инсценирала случајот, но не спомена конкретни имиња. Судењето треба да продолжи на 23 февруари кога ќе сведочи обвинетиот Мухамед Красниќи, познат како командант Малишева, пренесе Алсат-М.

Алсат-М