Судијата во Управен суд, Мустафа Шахини е осуден на 5 години затвор

Сподели

 

Основниот кривичен суд Скопје, денеска 19.07.2023 година, на јавна расправа, ја објави првостепенaта пресуда за предметот со КОК бр. 61/20 против обвинетиот Мустафа Шаини, Судија во Управниот суд, за кој во 2019 година беше отворена истрага по сомнение за Злоупотреба на службената положба и овластување и поднесено обвинение.

Според сите изведени материјални и вербални докази на обвинителството и одбраната, а имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности, судот донесе пресуда со која обвинетиот Мустафа Шаини го огласи за виновен за кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 ст.5 в.в со ст.3 и в.в. со ст.1 од КЗ и го осуди на казна затвор во траење од 5 години.

Против оваа пресуда, странките имаат право на жалба до Апeлациониот суд Скопје.