Францускиот суд вчера му нареди на Твитер да им даде пристап на активистите до сите документи во врска со неговите напори за борба против расизмот, сексизмот и сите други форми на говор на омраза што се појавуваат на оваа социјална мрежа, јавува Франс 24.
Шест групи против дискриминација од Франција го дадоа Твитер на суд минатата година, обвинувајќи го овој гигант меѓу социјалните медиуми за „долгорочни и постојани“ неуспеси во справување со блокирањето на коментари на говор на омраза што се објавуваат на Твитер.
На американската компанија TWTR.N која го поседува Твитер ѝ е даден рок од два месеци да ја спроведе пресудата на судот во Париз, но и исто така ѝ е наредено да објави колку модератори има вработено во Франција за да ги испитуваат објавените постови со говор на омраза на оваа социјална мрежа, јавува Ројтерс.
Од компанијата што е сопственик на Твитер изјавија дека ја проучуваат пресудата на францускиот суд, додавајќи дека се обврзуваат и се посветени во изградба на побезбеден интернет, во борбата против ширење на онлајн омраза и во подобрување на јавниот дискурс на нивната социјална мрежа.