Како што дознава Алсат-М, курир од Судот вечерва по вторпат заѕвонил на вратата на екс-премиерот Груевски, но повторно тој не бил дома.
Во првиот обид да му го врачи решението, со кое Кривичниот совет ја потврди одлуката на судијата за извршување санкции за затворската казна, вратата ја отворила сопругата на Груевски која рекла дека тој е излезен.
Се очекува подоцна вечерва судскиот курир повторно да затропа на вратата на екс-премиерот.
По врачувањето на решението Груевски веднаш ќе мора да се пријави на издржување на затворската казна од две години затвор изречена за предметот „Тенк“, што се однесува за малверзации во тендерската постапка при набавка на луксузен „мерцедес“