Судски совет: Наќе Георгиев никогаш не стана член на Судскиот совет на РСМ

Сподели

Во врска објавената информација во некои медиуми дека Наќе Георгиев бил член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, ја запознаваме јавноста со фактите дека истиот никогаш не стана член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, се наведува во денешното соопштение на Судскиот совет.

Наќе Георгиев беше избран за член на Судскиот совет од страна на судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија но, по реакција токму од членовите на Судскиот совет, Наќе Георгиев си поднесе оставка пред да даде свечена изјава во Сообранието на Република Северна Македонија, додаваат оттаму.