Судскиот Совет, со цел преземање соодветни мерки за спречување на инфекцијата со Ковид-19, познат како „корона вирус”, препорачува до граѓани кои се странки во судски постапки, да се јавуваат во судските органи само ако тоа е неопходно, односно задолжително, информираат од Прес-службата на Судскиот Совет.
„Исто така, известуваме дека таму каде што се исполнети законски услови, судењата ќе продолжат по нормален тек. Таму каде што интересот на јавноста е поголем, се препорачува истите да продолжат, но седниците да се следат со редуцирано физичко присуство на јавноста, без притоа да се наруши на јавноста во судските постапки“, се вели во соопштението на Судскиот Совет.