Сведочат заштитените сведоци за „Диво Насеље“

Сподели

divo-naselje-sudenje

Денеска во Кривичниот суд во Скопје ќе сведочат заштитените сведоци за случајот во кумановска населба Диво Насеље.

Бидејќи станува збор за заштитени сведоци, рочиштето ќе биде затворено за јавноста, односно на новинарите нема да им биде дозволено присуство.

До крајот на август рочиштата да бидат тајни бидејќи треба да се сослушаат околу 40 заштитени сведоци, а од септември повторно да бидат достапни за јавноста.

Во случајот „Диво Насеље“ обвинети се 29 лица за тероризам за случувањата на 9 и на 10 мај минатата година, кога беа убиени осум полицајци, а 14 беа повредени.

meta.mk