СВЕТ: ОН, САД и ЕП го осудија нападот во Тел Авив

Сподели

2016-06-08t204040z1279108s1aetiuctsaartrmadp3israel-palestinians

Обединетите нации, американскиот Стејт департмент и Европскиот парламент го осудија нападот во центарот на Тел Авив, во кој четири лица го загубија својот живот, а шест се ранети.

Шефот на полицијата во Тел Авив, Моше Едри, соопшти дека дошло до пукање на две локации.

– Станува збор за терористички напад. Двајца терористи отворија оган на цивили – рече Едри.

Нападот предизвика хаос на улиците во Тел Авив, а на социјалните мрежи се поставени снимки од луѓе кои панично бегаат.

Едри додаде дека двајцата напаѓачи се фатени и дека на еден од нив му е пружена лекарска помош поради прострелните рани што ги добил.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, го осуди нападот и изрази сочувство за семејствата на загинатите и за владата на Израел, со порака дека тероризмот нема оправдување.

Ки-мун се шокираше бидејќи Хамас го поздрави нападот.

Американскиот Стејт департмент најостро го осуди нападот.

„Кукавички напад против невини цивили никогаш не може да биде оправдан“, се наведува во соопштението.

И претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, го осуди нападот во Тел Авив.

http://meta.mk/on-sad-i-ep-go-osudija-napadot-vo-tel-aviv/