СЗО ја одобри индиската вакцина KOVAXIN против коронавирус

Сподели

 

Светската здравствена организација ја одобри за итна употреба индиската вакцина Covaxin (Коваксин) против коронавирусот.

Лекот го разви индиската компанија Bharat Biotech во соработка со Националниот институт за вирусологија во Пуна.

СЗО утврди дека вакцината ги исполнува стандардите на СЗО за заштита од COVID-19 и дека ризикот е многу мал за разлика од ефикасноста на вакцината.

Техничката советодавна група утврди дека вакцината Коваксин ги исполнува стандардите на СЗО за заштита од Kовид-19, дека придобивките од вакцината многу ги надминуваат ризиците и оти вакцината може да се користи, соопшти СЗО на Твитер.