СЗО ја одобри кинеската вакцина “Синофарм” за итна употреба

Сподели

 

Светската здравствена организација ја одобри за итна употреба вакцината против Ковид-19 на кинескиот производител на лекови Синофарм.

Вакцината, една од двете кинески вакцини што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство, е исто така и првата вакцина против коронавирус одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад.

Исто така, СЗО за првпат одобри за итна употреба на кинеска вакцина против заразна болест.

Фактот дека вакцината на Синофарм е на списокот на СЗО на итни вакцини е сигнал до националните регулатори дека е ефикасна и безбедна и ќе овозможи да се вклучи во системот Ковакс, глобална програма за сиромашните земји.

СЗО досега одобри итна употреба на вакцините против Ковид-19 кои ги развија Фајзер/Бионтек, Астра Зенека, Џонсон и Џонсон и Модерна.