Од утре, 15 јули, жичарницата и трите автобуски линии до Средно Водно ќе продолжат со вообичаена работа. Согласно Одлуката за работно време за Жичарницата, таа работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон […]
Ознака: Водно
Стопирани градежните дејствија на сите 8 парцели од ДУП-Ј07 на Водно
Општина Центар стопира градежни дејствија на 8 парцели кои се дел од ДУП Ј07, кој го опфаќа локалитетот Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно во кои припаѓа и градежната парцела на инвеститорот Маркеза ДООЕЛ во парк шумата Водно до која нема пристапен пат. На 11-та седница на Советот на Општина Центар, […]
Општина Центар затвори градилиште на Водно
Секторот за инспекциски работи на Општина Центар затвори градилиште на Водно, односно на улицата „Христо Чернопеев“ бб. Овластен градежен инспектор доднесе решение со кое се наредува на инвеститорот, физичко лице со живеалиште во Струга, во законски предвидениот рок да прекине со сите градежни активности и да ја отстрани градбата. Се работи за објект од […]
Исчистено големо количество отпад од парк-шума Водно
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изминатата недела исчистија големо количество отпад од парк-шумата Водно. Со подобрувањето на временските услови и зголемената посетеност на парк-шумата Водно се зголемува и количеството на отпадоци фрлени од несовесни посетители. Во рамките на оваа акција на ЈП „Паркови и зеленило“ собраа четири полни камиони […]
Герасимовски: Состојбата на Водно ја решаваме заедно со граѓаните
На барање на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вчера се одржа повторна средба со граѓаните од Водно, односно со жителите од улиците “Питу Гули”, “Козара”, “Салвадор Аљенде” и околните улици. На средбата се разговараше за решавање на проблемите со новите градби на Водно и заштитата на парк шумата, при што градоначалникот им понуди […]
Бесплатен паркинг кај „Дом на печат“ за време на викенд и државен празник
Поради повторното ставање во употреба на жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и можноста бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП на линиите со број 25 (Транспортен центар – Средно Водно), број 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и број 25Б („Дом на печат“ – Средно Водно) за време на викендите (сабота и […]
Пуштена втората велопатека на Водно
Љубителите на велосипедизмот може да уживаат во втората велопатека која е пуштена на Водно. Новата планинска велосипедска патека е долга 3,64 км и широка 3 метри со специјално изработени безбедни свиоци и рампи. На патеката нема пресеци и мешање со пешачки патеки што ја прави многу безбедна. Патеката спаѓа во таканаречената „семејна категорија“. Таа е […]
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го узурпираше, уништуваше и деградираше Водно
На вчерашниов митинг на ВМРО-ДПМНЕ, одржан среде барокното „Скопје 2014“, кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска изјави „ќе иницираме и заштита на Водно со закон, Водно слободно од автомобили“. Јавно ја прашуваме Данела Арсовска: Од кого ќе го заштитува Водно, дали од нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ која го уништи со изградбата на „Сончев град“, […]
Паркингот на Водно во текот на викендoт го искористиле 169 возила
Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, […]
Паркингот на Водно за викендот го искористиле 357 возила
Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот […]