Денеска одбележуваме и славиме голем ден – 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Се поклонуваме на борците кои ги положија животите за пораз на фашизмот, од чиишто рушевини е створена македонската државност. Оддаваме почит и на сите кои придонесоа за големата европска идеја и изградбата на Европската Унија. […]