Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир ја осуди вчерашната изјава на европратеникот Ангел Џамбаски. “Она што го прави, што го зборува и заканите што ги упатува Ангел Џамбаски не се позиции ниту пак вредности за кои се залага Европската унија. Изјавите на Џамбаски кон претседателот Стево Пендаровски, може да се третираат како закана”, изјави евроамбасадорот Гир. […]
Ознака: закана
Дали Џамбаски упати закана за атентат кон претседателот Пендаровски?
„Што се однесува до тоа да ми биде забрането да влезам во Македонија, нека се потсети Стево Пендаровски, претседателот на Северна Македонија, познат по прекарот Стево Коминтерната, дека многу други луѓе се обиделе да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија и резултатот на тоа бил да речам, последниот таков резултат се […]
Расчистен случајот со заканата кон вработени на Канал 5
На 17.01.2023 во 12.00 часот во Одделението за внатрешни работи Гевгелија извршен е службен разговор со Р.Е. (47) од Гевгелија, поради упатени закани преку интернет кон вработени во Канал 5 телевизија. Р.Е. го признал делото и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство Гевгелија.
Финска сака во НАТО без одлагање -За Русија тоа е закана
Руската инвазија врз Украина во Финска предизвика откажување од неутралноста и ја зацврсти желбата за приклучување кон НАТО, пренесува Дојче веле. „Финска мора без одлагање да аплицира во НАТО“, изјавија денеска финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин во заедничко соопштение во Хелсинки. Се очекува намерата да биде конкретизирана и со формално поднесување барање […]
Поранешен полициски службеник осомничен за загрозување на сигурноста на министерот Спасовски
Основното јавно обвинителство Скопје, поведе постапка против пензиониран полициски службеник од Скопје, за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде […]
Нуклеарната централа во Чернобил е целосно отсечена од енергетската мрежа
Нуклеарната централа Чернобил е целосно отсечена од енергетската мрежа и нејзините безбедносни системи не работат, објави денеска операторот „Укренерго“. „Поради воените дејствија на руските окупатори, нуклеарната централа Чернобил беше целосно исклучена од електричната мрежа. Нуклеарната централа нема струја. Воените акции се во тек, така што нема можност за обнова на линиите“, се вели во […]
ЗНМ: Чекаме судска разрешница за заканите кон новинарите
МВР достави известување до ЗНМ дека е поднесена кривична пријава против А.Е.(36) од с.Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ против новинари. Одговорот на МВР во врска со овој случај е за поздравување а следен чекор е итна проактивност од страна на обвинителството а потоа и судот […]
Смртни закани против ЦИВИЛ, кампањата трае со години, институциите молчат
Утринава, на фиксната телефонска линија на ЦИВИЛ два пати се јави едно лице кое не сакаше да се претстави и кое упати смртни закани до организацијата, која веќе две децении ги промовира и брани човековите права и слободи, слободата на изразувањето, правото на глас, социјалните и работничките права. Во своето анонимно јавување лицето што ја […]