Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во рамки на официјалната посета на УНЕСКО, се обрати на маргините на 42-та Генерална конференција на Организацијата, што се одржува во седиштето на УНЕСКО во Париз. Премиерот Ковачевски е прв премиер од Република Северна Македонија што се обрати во УНЕСКО, по 30-годишното членство на нашата држава во Организацијата на […]
Ознака: УНЕСКО
Одлука за спроведување на препораките на УНЕСКО за заштита на Охридскиот регион
Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информација за потребата од преземање на итни мерки за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Владините заклучоците се донесени по посочувањето од предлагачот, Министерството за култура, на препораките од реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО, потенцирани од Комитетот за светско наследство при […]
За статусот на Охридскиот регион, фокусот да биде во реализација на обврските
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за време на нејзината посета во Ријад, вчера оствари средба со Шефот на Одделот за Европа и Северна Америка во Центарот за Светско наследство на УНЕСКО, Берта де Санкристобал. Од македонската делегација на работниот состанок учествуваа и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и директорот на […]
Охридскиот Регион останува на листата на УНЕСКО
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, присуствува на 45-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО што се одржува во Ријад, Кралство Саудиска Арабија, на која вчера беше соопштена Одлуката на Комитетот дека Охридскиот Регион, со својата исклучителна универзална вредност, останува на листата на светско наследство. Во македонската делегација во Ријад се и министерката […]
Водич и прирачник за оцена на влијанието во контекст на светското наследство
Водичот и прирачникот за оцена на влијанието во контекст на светското наследство, објавен во 2022 година е преведен на македонски јазик од страна на Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа со седиште во Венеција, Италија, Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Меѓународниот центар за изучување на заштитата и реставрацијата на […]
Костадиновска-Стојчевска и Маргарити: Со заедничка акција да го заштитиме Охридскиот регион
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера, во рамките на еднодневната посета на Тирана, оствари билатерална средба со министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, при што се разговараше за повеќе прашања поврзани со културната соработка меѓу Северна Македонија и Албанија. На средбата стана збор и за координацијата во процесот на управувањето со […]
УНЕСКО не го прогласи Охридскиот Регион за загрозено подрачје
Комисијата за светско наследство на УНЕСКО, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и културното наследство на Охридскиот Регион да не биде впишано на Листата на светско наследство во опасност. Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ е незадоволна од ваквата одлука. Со оваа одлука, Северна Македонија и Албанија се обврзаа да донесат заеднички стратешки […]
Апел на 34 организации од С.Македонија и Албанија до Комитетот на УНЕСКО
Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ поднесе писмо до Комитетот за светско наследство, поддржано од 18 македонски и 15 албански организации, со апел за впишување на Охридскиот Регион во Листата на светски наследства во опасност. Триесет и четири организации од двете страни на светското наследство се длабоко загрижени за состојбата на Охридскиот Регион, која […]
Општина Охри: Значајни чекори за зачувување на статусот на УНЕСКО
Општина Охрид во денешното соопштение објави дека во изминатите 18 месеци, Општината континуирано беше посветена на заложбите за имплементирање на сите препораки на УНЕСКО и успеа да направи многу значајни чекори за зачувување на статусот на светско природно и културно наследство, кој го поседува Охридскиот регион. “Како локална власт, во постојана координација со останатите […]
Донесен Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охрид
На четвртата редовна седница донесен е Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029 година), со акционен план, со кој се обезбедува имплементација на сите препораки на УНЕСКО. Владата останува силно посветена на зачувување на исклучителните универзални вредности на Охридскиот регион, и статусот на УНЕСКО Светско наследство, кој го […]