Според официјалните податоци на Црвениот крст на РСМ, Општина Карпош донирала безмалку 1,5 милиони денари, парични средства наменети за настраданите лица во катастрофалниот земјотрес кој ги зафати граѓаните на Турција и Сирија. Со овој хуман гест, локалната самоуправа од Карпош уште еднаш го покажа својот солидарен капацитет, на начин што обезбеди убедливо најмногу средства […]
Ознака: Црвен крст
Одбележување на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
По повод 8 Мај, Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина и 08-15 Мај Недела на Црвен крст на РСМ Црвен крст на РСМ организира јавен настан преку кој ќе ја истакнат хуманитарната заложба на поединците во заедницата кои честопати се првите кои подаваат рака и ги поддржуваат оние на кои им е […]
Старите изнемоштени лица во општина Кисела Вода со нова социјална помош и нега во домот
Oколу 40 лица над 65 години на кои им е потребна грижа и нега, како и лица со намален функционален капацитет и попреченост кои живеат на територија на општина Кисела Вода, во наредниот период ќе почнат да ја добиваат неопходната помош и нега во рамки на нивните домови. За нив секојдневно ќе […]
Министерот Меџити додели плакети на општинските организации на Црвениот крст
Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска, се обрати на свеченото одбележување на 17 март – Ден на основање на Црвениот крст и Ден на крводарителството во РС Македонија. Во рамки на одбележувањето, министерот Меџити додели плакети на општинските организации на Црвениот крст со реализирани најголем број крводарувања, минатата година. Министерството […]
Герасимовски: Дарувањето крв е највисокиот чин на хуманост
„Донација која доаѓа од срце – Подари живот“, со оваа порака Општина Центар го одбележа 17 март – Денот на формирање на Црвениот крст на Република Северна Македонија и Денот на крводарителството. Доброволното дарување крв претставува највисок чин на хуманост и алтруизам со единствена цел, да се мотивираат што поголем број на луѓе да […]
Црвен крст: Собрани се 38.555.035 денари за настраданите во Турција и Сирија
Заклучно со 23 февруари, преку телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 38.555.035 денари. Црвениот крст на РСМ наредната недела ја доставува и третата пратка за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција. Поради големиот интерес на граѓаните, Црвен крст на РСМ ја […]
Преку Црвениот крст собрани 30.378.353 денари за настраданите во Турција и Сирија
Заклучно со 16 февруари преку телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 30.378.353 денари. Црвениот крст на РСМ во Апелот на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина од сопствени средства уплати 3.000 евра како првична помош за настраданото население во Турција и Сирија, […]
Црвениот крст ја испрати првата хуманитарна помош за Турција и Сирија
Хуманитарната помош од страна на Црвениот крст на Северна Македонија денеска тргнува кон регионите погодени од земјотресите што минатиот понеделник ги зафати Турција и Сирија. Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, д-р Саит Саити информираше дека до денеска собрани се вкупно 25.120.773 денари парична помош. Денеска сме тука […]
Црвен крст: Собрани се 10 милиони денари, 2.500 пакети, 4000 ќебиња
Катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Република Турција и Сириската Арапска Република на 6 февруари 2023 година однесе над 9.500 човечки животи и над 37.000 повредени лица и уништени над 6.200 станбени објекти. За жал овие стравични бројки постојано се менуваат и не се конечни. Изразувајќи ја нашата солидарност со граѓаните на Турција и […]
Црвен крст отвори сметки за донации за помош од земјотресот во Турција
Силниот катастрофален земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала кој на 6 февруари ги погоди Турција и Сирија предизвика големи материјални штети, повредени и човечки загуби. Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува длабоко жалење и искрено сочувство до народот во Турција и Сирија за жртвите од страотниот земјотрес. Црвениот крст на […]