ТАНЦ ФЕСТ – ГОДИНА НА ТАНЦОТ 2018 ФЕН МО, ПЕКИНГ
Претставата ќе има две изведби, на 22 јануари, на сцената на Народниот театар во Велес, а на 24 јануари во Македонскиот народен театар во Скопје.
Претставата „Фен Мо“ е инспириран од поговорката „Ако еден сликар користејќи го мастилото може да алудира на петте бои, тогаш тој ја знае есенцијата на сликањето, но никако не смее да се фокусира само на боите, бидејќи ќе се оддалечи од суштината“ од книгата “Записи за сликарството од сите династии” од Јан Јуан Занг од Танг династијата (618-907). Кореографот низ движењата на танчерите пробува да ја оживее уникатната естетска форма на кинеското сликарство. Начинот на кој што мастилото се соединува со оризовата хартија а воедно и неговото разградување во различни нијанси на светло и темно, мокро или суво, пригушено и интензивно, е ист со движењето на телото на танчерот: вдишувањето и издишувањето, во движење или мирно, брзо или споро, качувајќи се или паѓајќи. Во кореографијата се користат традиционални кинески елементи како „здив“, „штаки“, „коса“, „ракави“, „меч“, „лепеза“, „чадор“ и „фустан“ за да се пренесат чувства на пријателство, тага, огорченост, навреденост, извонредност, опуштеност и љубов во кинескиот спиритуален свет, во кои е содржана есенцијата на кинеската класичност.
Прва слика – Будење
Првата слика ја претставува и основната состојба на умот кога телото влегува во танцот, користејќи го дишењето како почеток на движењето. Во овој чин танчерите создаваат еден вид ореоли од „вода и мастило“ низ движењето, со посебно внимание на боженствените симболи и нивното место во просторот и времето.
Втора слика – Течение
Ja претставува хармонијата на танцот кои на сцената одат на штаки. Контраст на движење и мирување, поставеност на телата во која се содржани суптилни грациозни, елегантни кривини и движења на воденото мастило, преку кое авторот сака да ја покаже возвишеноста на животот.
Трета слика – Инстинкт
Дијалог помеѓу природата и духот на танцот, помеѓу “Zhong Kui” и духот. Движењата ја доловуваат суштината на класичниот кинески дух, преку танцот на „водените ракави“ и „мечот“.
Четврта слика – Ослободување
Треперењето на „свилениот фустан“ е метафора за мастилото, со него се насликуваат слики во градација, на кои преку имагинативен танц се претставени човекот и природата.
„Сам рибар на реката покриена со мраз и снег“,
„Планина од која што одлетуваат сите птици“,
„Двајца љубовници под еден чадор“
Петта слика – Форма и Безформеност
Вечноста на човечкиот живот е изразена низ живописните разиграни фустни, во црна и бела боја, како израз на концепцијата за постојаноста и боите, кои во себе го содржат спектарот.
Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ
Цената на билетот е 400 ден.