Таравари: Алијанса за Албанците утре ќе решава за излегување од Владата

Сподели

“Алијанса за Албанците утре или задутре ќе решаваат за излегување од Владата. Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме навикнати да ја напуштаме Владата.

Владата се изгуби на патот кон ЕУ. Состојбата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани. Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни, со посебни листи за советници на изборите и нема да се придружиме на ниту една друга политичка групација, ниту да станеме дел од политичката коалиција „Европски фронт“ која ја предводи ДУИ” – изјави Таравари.