Таравари ги посети повредените во Солун: Пациентите се во стабилна состојба

Сподели

Министерот за здравство Арбен Таравари и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски утринава беа во на посета на повредените од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во болницата „Папаниколау“ и Воената болница во Солун

“Денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи г.Тимчо Муцунски и со Д-р Илир Вела дојдовме во Солун за да ја видаме состојбата на пациентите хоспитализирани овде.

Само што излеговме од „Општата болница Г. Папаниколау“ и Војната Болница во Солун, сите 5 пациенти примени во овие болница се во стабилна состојба!

Им благодарам на нашите колеги во Солун, грчкиот народ и влада за нивната посветеност и помош! “- објави министерот Таравари.