„Театар во куфер“ – нов меѓународен театарски фестивал во Штип

Сподели

Првото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Театар во куфер“ започнува денеска во Штип и ќе трае од 9. до 20. ноември.

„Европејци“ работена по текст на Мирољуб Недовиќ и во режија на Драган Стајиќ, продукт на „Драфт театар“ од Тузла, Република Босна и Херцеговина, „Дисфункција“ од Ана Жежовска и режисерот Димитар Шутевски на Младински – интимен театар Битола, „Убавите жени“ – поетскиот театарски проект на актерот Страшо Милошевски од Пробиштип, „Женска утопија“ – претставата во адаптација, режија и изведба на актерката Димитрина Мицкоска, работена за прилепскиот Театар чин 4 сцена 5 според драмите на Јордан Плевнеш, фестивалски наградуваната „Петтиот чин“ на режисерот Нико Горшиќ, работена според текстот на Љубомир Ѓурковиќ, со актерите Ванчо Крстевски и Бранко Бенинов во НУЦК „Антон Панов“ од Струмица и „Чекачот“ на Трајче Кацаров во изведба на Трајче Јованов и продукција на штипскиот Театар за гледање и слушање, се шесте проекти што ќе бидат прикажани на почетното издание на Меѓународниот театарски фестивал „Театар во куфер“.

Идејата е театарот да се врати на архаичниот модел – патувачкиот театар.