“Театар за сите” – Отворен час со Ѓорче Ставрески

Сподели

Седмиот Отворен час е со филмскиот режисер Ѓорче Ставрески, режисерот на „Исцелител“.

“Театар за сите” е училиште кое ги поддржува и покрива и останатите изведбени и аудио-визуелни уметности, па решивме овој час да го посветиме на филмската уметност.

На 30. април во Јавна соба, од 19 часот, ќе може да се слушне за тоа како изгледа процесот на создавање на еден филм, од првичната идеја, па се до нејзиното премиерно прикажување. Воедно ќе се разговара и за улогата на филмскиот режисер, соработката со филмската екипа, снимањето.

Задолжително е претходно да се најави присуство на e-mail адресата teatar.za.site@gmail.com, со име и презиме.