Телеком ја пушти првата комерцијална 5Г мрежа во државава

Сподели

 

Македонски Телеком денеска ja пушти првата комерцијална 5Г мрежа во државава  и овозможи користење на 5Г услуги паралелно и во комбинација со 4Г, со напредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции.

Со 5 Г сигнал се покриени 15 градови и нивните околини Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Битола, Прилеп, Крушево, Охрид, Струга, Ресен, Струмица, Радовиш, Гевгелија и Дојран.

 

 

Никола Љушев, извршен директор на Телеком на прес-конференција информираше дека од овој месец започна имплементацијата на 5Г во Скопје и околината, а до мај, сите корисници од главниот град и поширокиот скопски регион ќе имаат пристап до ваквите услуги. До крајот на октомври 2022 година, со опрема од најновата генерација најавува дека ќе бидат покриени 26 градови во државава.

Пред три години ги почнавме првите подготовки за технологијата на петтата генерација, а денес ја имаме првата комерцијална 5G мрежа. Изминатите години се подготвувавме, инвестиравме, тестиравме, градевме и зборувавме за иднината, сега можеме да кажеме дека 5G е тука. Го исполнивме еден од најважните предуслови за четвртата индустриска револуција, а со добивањето на новите 5G радиофреквенции, оваа технологија ќе го достигне својот вистински потенцијал, а нашите корисници ќе ги добијат брзините кон кои целиме, рече Љушев.

Од Телеком велат дека се подготвени да овозможат супер брз гигабитен мобилен интернет, веднаш по завршувањето на процесот за доделување на радиофреквенции за радио опсезите на 700MHz и 3.6GHz од страна на Агенцијата за електронски комуникации.

Засега, 5G ќе имаат корисниците коишто се наоѓаат во градовите што се покриени со 5G, во согласност со тарифите што ги користат, и коишто имаат некој од следните соодветно сертифицирани 5G уреди: Samsung S21, Xiaomi 11 Lite NE и Motorola Edge 20 Lite. Процесот на 5G сертификација со Apple се очекува да заврши во текот на второто тромесечие од годината.

Можностите на 5G технологијата ќе бидат достапни во тарифите: Ultra – вклученo во претплатата, без потреба од активација, Magenta 1 Unlimited и Mobile Unlimited без дополнителен надомест, со активација на услугата преку апликацијата TelekomMK.

Во промотивниот период, 5G ќе може да се активира без дополнителен надомест и кај корисниците на Magenta 1 M и Mobile M преку апликацијата TelekomMK. Пристапот на 5G мрежата ќе биде овозможен без дополнителен надомест и за деловните корисници, во тарифите Magenta1 Business L / Business L и Business XL / XXL со автоматска активација, а за корисниците на Magenta1 Business M и Business M со активација преку апликацијата TelekomMK.

Во моментов во земјава има околу 4.000 корисници на паметни мобилни уреди кои можат да се приклучат на 5мрежата.