Тендер за компанијата што ќе ја спроведе анализата за Попова Шапка

Сподели

Тендерот за компанија што ќе ја спроведе анализата за Попова Шапка, треба да се отвори во текот на месецот, изјавија од  „ЕЛЕМ турс“. По завршувањето на анализата, се очекува да се донесе одлука за тоа, што ќе се случи понатаму со управувањето со овој скијачки центар, известува „Порталб.мк“.

„Анализата е во почетна фаза и дека подготовката трае до три месеци. Откако ќе се одбере компанијата што ќе ја спроведе оваа анализа, во текот на следните три месеци се очекува резултатот. Конкретни мерки ќе се преземат по завршување на анализата“, велат од „ЕЛЕМ турс“

„ЕЛЕМ турс“ е ДООЕЛ (Друштво со ограничена одговорност) и затоа има право да отвори тендер во предизборниот период, нешто што е забрането според Изборниот законик за државните компании.

Попова Шапка во последно време се соочува со многу проблеми: недостаток на инвестиции, недостаток на жичара со шест седишта, недостаток од простор за паркирање, нерегулирана инфраструктура како и неотстранети отпадоци.  Ваквата состојба ја натера Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ да преземе поригорозни чекори.

Оваа иницијатива организираше протести при што бараше ЕЛЕМ да се повлече од управувањето со центарот, бидејќи долгогодишното лошо управување ја уништи Попова Шапка.

Од друга страна, премиерот Заев пред извесно време информираше дека сега веќе се подготвува физибилити студија, која ќе одговори на прашањата за потребниот начин на управување и искористување на капацитетите без да им се нанесе штета на природните убавини во овој дел од Северна Македонија.

Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ инсистира на повлекување на ЕЛЕМ од овој ски центар и велат дека нема да се откажат се додека тоа не се случи.