Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, објави видео по повод една година од отворањето на групниот домот во Тимјаник во кој се згрижија деца од Специјалниот завод во Демир Капија.
Локалното население целосно ги прифати новите жители и заедно живеат во хармонија.
-“Никогаш не се сомневав во хуманоста на нашите граѓани и верував дека првата несакана епизода е само недоразбирање. Мило ми е што овој пат имавме многу конструктивна дискусија и жителите дадоа поддршка на она што го правиме. Јас верувам дека Тимјаник ќе биде симбол на хуманоста на нашето општество, а жителите ќе се гордеат со тоа”, изјави министерката Царовска.
https://www.facebook.com/carovska.mila/videos/424484371499827/