Tинејџери блеснаа во мјузиклот „Крал Иби“

Сподели

Млади таленти синоќа ja освежија сцената на НУ Центар за култура Крива Паланка со одличната изведба на мјузиклот „Крал Иби“, во кој се истакнаа како изведувачи на повеќе јазици, комбинирајќи пејачки, актерски и музички способности..

Режисерот на мјузиклот, Орхан Дуров Јашаровски, истакна дека ги избрал најдобрите таленти, а младата екипа беше живо сведоштво за мултиетничноста  и заедничката енергија која беше пренесена на сцената.

Публиката ги награди актерите и изведувачите со бурни аплаузи, потврдувајќи го успехот на овој амбициозен проект кој го промовира талентот и креативноста на најмладите во регионот.

Претставата е поддржана од Министерството за култура и туризам , а е реализирана преку НУ Центар за култура Крива Паланка.  

Овој настан само го потврдува статусот на Крива Паланка како Град на културата, кој и понатаму ја негува и поттикнува уметноста и талентот на своите млади генерации.