Тодороска: Како дозволивме државава да нѝ се распаѓа пред очи?

Сподели

 

„Како дозволивме државава да нѝ се распаѓа пред очи?, ми е првата мисла. Иако го знам одговорот, прашањето не ми дава мир, изјави за „Скопско ехо“ професорката Катерина Тодороска зборувајќи за актуелните состојби во државата. Таа потенцира дека се направени три крупни грешки во изминатиот период во Македонија. -Прва е приватизацијата. Со процесот не беше само отуѓен државниот имот, тука истиот беше раскрчмен со бесцение. Единствена полза од тоа имаа  малкумина, а на улица останаа илјадници работици. Втората грешка е неконтролираното отворање на приватни трафики за дипломи за средно и високо образование. Тоа придонесе за девастирање на македонското образование од неколку причини. Првата причина е што сите новоформирани факултети се „хранеа“ со професори од УКИМ, па нивото на предавања на УКИМ опадна.
Втората причина, со чест на исклучоци беше алармантна. Имено, на приватните „универзитети“ за пропишаната сума се запишуваа студенти кои во нормални услови не би поминале уписно тестирање. Но, иако слаби со знаења, сепак завршуваа факултети и добиваа лажна слика за своите способности. Третата грешка е преселбата на Државниот архив од неговата наменска зграда во зградата покрај Вардар. Со овој чин на Груевски беше направен злостор врз македонската држава бидејќи без документација нема нација. А кога документите од животна важност за една држава ќе се преселат во близина на воден извор, како Вардар, единствено што може да се очекува е уништување на документацијата.Тоа значи дека нашето воспитување да бидеме дисциплинирани, посветени и сериозни во однос на работата, испадна недоволно практично во новосоздадените услови на самостојна Македонија. Така, додека професионалците гледаа да се остручнат до совршенство, некадарните владееја. И резултатот го гледаме. Првата слика ми е изгрејсонцето на Скопска Црна Гора како знак и зрак за некој нов предизвик кој треба да го реализираме.

Запрашана од „Скопско ехо“ што е она што и недостига во земјава, професор Тодоровска одговори:
– Ми недостасува храброста на народот за да го крене гласот против разнебитувањето на државата. Имено, во Македонија се случуваат толку беззаконија што би требало да предизвикаат лавина од неговување кај народот. Но, ете кај нас сенешто поминува со реакции од три дена и потоа сето тоа завршува во корпата за отпадоци во нашата потсвест. Тоа е погубно за една нација. На државата би ѝ го одзела правото да вработува во сите институции, број на работници над европскиот просек. Тоа значи дека треба да се воведе стапка на вработеност во секоја институција според потребите на институцијата, а не според потребите на партиите.