Толку многу те немам…
Толку многу те немам,
што би можел да те бакнувам
и без најмало движење,
знаеш ли дека би можел и без допир
да те милувам,
толку многу те немам непостоечка,
што би можел, знаеш ли
и без здив да ти шепотам
и без говор да ти ги читам песните
за Лу од Аполинер што толку многу ги сакаше
тогаш кога те немав, помниш ли
непостоечка, кога бевме заедно.
Толку многу те немам совршена моја,
што би можел да се изгубам во твојата убавина непостоечка,
би можел дури и да ти ги
нацртам непостоечките екстремитети
непостоечките колкови, стомачето,
толку многу те немам.