Градовите во Македонија се развивале низ вековите со одредени општествено – економски и културни услови врз основа на традиционалниот начин на живеење. Со развојот на стопанскиот и општествениот живот на градовите се интензивирало и градењето на куќи.
Живеалиштето претставувало основен сегмент во формирањето на сликата на градот. Старата македонска градска куќа својот највисок развој го достигнала во 19 век, кога биле изградени најубавите примероци. Куќите имале просторни решенија најчесто до асиметричен тип, а поретко и симетричен, но секогаш со крајно радионален и функционален пристап.
Македонските градови од 19 век по својата структура и урбанистичка концепција имале заеднички карактеристики со Балканските градови од истиот период. Градовите Велес, Крушево, Кратово, Крива Паланка имале положба на рид, додека Битола, Скопје, Прилеп, Штип, Струга, Дебар, Струмица биле поставени во рамнините, а помали населби биле Берово, Делчево, Виница и др. Маалата имале свои центри, со средишен простор со чешма, дуќани, фурна, мост и сл. Централно место во градското јадро како стопански центар била чаршијата.
Каталогот “Традиционална градска архитектура” од 2004 година, може да се погледне на следниов линк
Автор на каталогот, концептот и цртежите е Петар Намичев.