Трајанов: Македонија да биде една изборна единица

Сподели

radovish-860x680

Демократскиот сојуз предлага Република Македонија да биде една изборна единица, како основа за, како што велат од партијата, демонтажа на еднопартискиот систем и зајакнување на одговорноста при носењето круцијални одлуки и владеење на правото.

– Во рамките на приоритетните реформи што треба да ги спроведе реформската влада, предлагаме да бидат и промените во изборната регулатива, при што најбитно е да остане пропорционалниот изборен модел, а Република Македонија да биде една изборна единица. Во ова насока, очекуваме и нов систем за евидентирање на гласачите, електонско гласање, како и целосна професионализација на ДИК. Доколку Македонија биде една изборна единица, составот на парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните, но и во голема мера ќе се намалат можностите за кршење на изборните правила, партиите ќе морат да соработуваат и ќе се создадат услови за поодговорно владеење – рече претседателот на ДС, Павле Трајанов, на денешната прес-конференција.

Од Демократскиот сојуз сметаат дека ваков изборен модел отвора можност и за помалите и за новоформираните партии, како и за помалите етнички заедници.

http://meta.mk/trajanov-makedonija-da-bide-edna-izborna-edinitsa/