Трајанов – Пломп: Потребно е формирање на експертска влада

Сподели

trajanov-izjava-ambasada-670x1191

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска се сретна со амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп.

На средбата, Трајанов нагласил дека во интерес на сите граѓани е да се реши политичката криза, да се нормализира животот и да се деблокираат евро-интеграциските процеси.

– Потребно е формирање на експертска влада, која треба да спроведе реформи во судскиот систем и во безбедноста, како и целосна деполитизација на државните институции. Реформите во медиумите, како и прочистувањето на избирачкиот список се врвни приоритети и основни услови за одржување на веродостојни избори. Протестите се одраз на незадоволството на граѓаните и своевиден демократски притисок за организирање слободни избори, кои треба да се организираат во најкус период – вели Трајанов.

Трајанов – Пломп: Потребно е формирање на експертска влада