Трамп со критика до Кина поради наводите дека ѝ дава нафта на Северна Кореја

Сподели

Доналд Трамп ја критикуваше Кина во врска со објавените информации во медиумите, дека нафта од кинеските бродови незаконски била префрлана во севернокорејски бродови на море, јавуваат светските агенции.

Трамп на „Твитер“ наведе дека Кина е „фатена во прекршок“ и дека е „многу разочаран што Кина дозволува нафтата да стигне во Северна Кореја“.

„-Никогаш нема да има пријателско решение за севернокорејскиот проблем, ако продолжи ваквата практика”- изјави Трамп.

Министерството за надворешни работи на Кина вчера соопшти дека Пекинг ги применува санкциите на Обединетите нации кон Северна Кореја и дека нема информации за префрлање на нафта.