Екс-премиерот Зоран Заев, како што е наведено во неговиот анкетен лист за имотната состојба што го приложил по завршувањето на функцијата, додека бил премиер добил три меѓународни награди за мир со висок паричен износ.
Едната е наградата „Фридрих Еберт“ за човекови права добиена во 2020 во Берлин која се состоела од плакета и паричен износ од 10.000 евра што ги дал во здравствениот фонд за борба со Ковид 19. Заев во 2020 година добил уште една награда за мир – Хесенската награда за мир на фондацијата „Алберт Освалд“ во покраината Хесе, Германија која се состоела од плакета и парични средство од 12.500 евра кои потоа исто така ги донирал во здравствениот фонд.
И третата награда што ја доби Заев заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во 2021 година, е Меѓународната награда за мир на Вестфалија, во висина од 25.000 евра, која ја пренасочил во здравствениот фонд за борба против ковид, стои во анкетниот лист на поранешниот премиер