Руската разузнавачка агенција (FSB) соопшти дека три лица загинале, вклучувајќи го и напаѓачот, а едно лице е повредено во оружен напад на канцеларија на агенцијата на Далечниот Исток, јавува Anadolu Agency (AA).
Од ФСБ, која е наследник на КГБ, во денешното соопштение се наведува дека непознат маж поминал покрај детекторот за метал, влегол во приемниот дел на канцеларијата во Хабаровски крај и отворил оган кон лицата што се нашле таму во моментот.
Убиени се еден службеник на ФСБ и еден посетител, а едно лице е рането. Службениците задолжени за безбедност потоа го убија напаѓачот.
ФСБ не ги објави веднаш деталите во врска со напаѓачот.
Сликите на социјалните мрежи покажуваат дека полициски кордон ја опколил зградата на ФСБ во областа Хабаровски крај, која од границата со Кина е оддалечен триесетина километри.