Царовска: Ресурсен центар за креирање родово одговорни политики и буџети

Сподели

Делегација од Владатата, предводена од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, присуствуваше на тридневна студиска програма за родово одговорно буџетирање, чиј домаќин беше Владата на Мароко.

 

 

Министерката Царовска ги презентираше напорите на Владата на Северна Македонија за институционализирање на родовото буџетирање во креирањето на националните политики и буџетирање.

-” Северна Македонија веќе ги прави првите чекори во вклучувањето на родовите прашања во секторите и програмите. Имаме поволен екосистем да одиме понатаму и да ја унапредуваме агендата на родовата еднаквост. Оваа делегација е движечка сила која може да го направи тоа.”000

 

 

“Се подготвуваме да отвориме Ресурсен центар за креирање родово одговорни политики и буџети. Во рамки на тридневната студиска програма за родово одговорно буџетирање се запознавме одблиску со меѓународно признатите практики на Ресурсниот центар во Рабат, Мароко” – изјави министерката Царовска.